|
Рудине ММ ДООЕЛ Скопје е приватно трговско друштво, кое се занимава со производство и трговија со прехранбени производи, односно производи за широка потрошувачка. Основано е 1989 година од страна на фамилија Марковски , кои создадоа успешен тим од 50 вработени , креирајќи имиџ на семејна компанија . Со својата повеќегодишна успешна кариера , компанијата бележи важна улога како деловен субјект на македонскиот пазар . Во својата листа на соработници , Рудине ММ вбројува повеќе реномирани странски компании во улога на деловни партнери . Благодарение на своето квалитетно и стручно работење , Рудине ММ станува застапник на следните странски компании : ZOTT, NORDMILCH, KUCHEN MEISTER, EMBORG, FERWERDA, WOERLE, IPSA, JUPITER, DANFOOD, KASLI, VIKOS, NOWACO, ZDRAVO, MIRNA, HELLEMA и др. Компанијата располага со магацински простор со површина од 7000м2 и модерно уреден деловен простор од 200м2. Ефикасноста во работењето подразбира и планска и навремена дистрибуција на производите ширум Р. Македонија, до сите продажни центри. За таа цел компанијата поседува 15 комбиња и 7 патнички возила. Комплетната опрема на Рудине ММ (возила, машини, ладилници) е современа и модерна.
|